Прејди на содржината

Римокатоличка катедрала Свети Никола (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедрала Свети Никола
Костьол Св. Миколи
Основни податоци
МестоКиев, Украина
Осветен1909
ВодствоОпштински оддел за култура
Архитектонски опис
Архитект(и)Б. Городетски и Е. Сала
Архитектонски стилготска архитектура
Завршен1896

Римокатоличката катедрала Свети Никола (украински: Костьол Св. Миколи) е втората римокатоличка катедрала која била изградена во Киев, Украина. Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1899 до 1909 година и е изградена во готски стил, од страна на киевските архитекти Б. Городетски и Е. Салја. Историски гледано, црквата приопаѓа на латинскиот обред.

Во 1909 ��одина, катедралата била осветена во името на Свети Никола, но изградбата целосно не била завршена. Со доаѓањето на комунистичките власти, во 1938 година храмот бил затворен и истата користела за технички цели а во еден момент била и објект под контрола на КГБ. Во периодот 1979-1980, објектот бил реновиран и истиот бил претворен во Национален дом на камерна музика.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, во 1992 година црквата припаднала на општинскиот оддел за култура, а Римокатоличката црква се надева дека еден ден ќе биде вратена сопственоста на црквата.